Skip to main content

Карл Лагерфелд Содржина Ран живот | Рана кариера (Балмаин и Пату) | Независна кариера | Меѓународна слава (1982 година – до денес) | Дискусии | Губење на тежина | ПрегледникWorldCat85711984n853371930000 0004 0763 2158118815830366177028806492cb12056634w(податоци)90965501500228104f16bd50b-3493-48d4-90a7-a6d90b8f49664212742700470016xx0063572XX5345811DA08369751222724

Родени во 1933 годинаПочинати во 2019 годинаГермански модни креаториЛуѓе од Хамбург


10 септември193319 февруари2019моден креаторуметникПаризШанелХамбургГерманијаВладивостокРусијаБерлинГерманијаБерлинПаризПјер БалмаинИв Сен ЛоранБаленсиагаМарио ВалентиноРепетоМоноприксКристијан ДиорТицианиЕван РичардсодЏексбороТексасЕлизабет Тејлор1973Кармен МирандаМадонаКајли МиногH&MАна ВинторЊујоркКелвин КлајнХајди КлумХеди Слиман










(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());




Карл Лагерфелд




Од Википедија — слободната енциклопедија






Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето


Карл Лагерфелд (роден како Карл Ото Лагерфелд; 10 септември 1933 - 19 февруари 2019) — германски моден креатор, уметник и фотограф со седиште во Париз,. Има соработувано на многу проекти поврзани со уметноста и модата, најмногу како главен креатор и креативен директор на модната куќа Шанел. Лагерфелд раководел со неговата сопствена модна куќа, како и со италијанската куќа Фенди.




Содржина





  • 1 Ран живот


  • 2 Рана кариера (Балмаин и Пату)


  • 3 Независна кариера


  • 4 Меѓународна слава (1982 година – до денес)


  • 5 Дискусии


  • 6 Губење на тежина




Ран живот |


Лагерфелд е роден во Хамбург, Германија. Тој тврди дека е роден во 1938 година, но, наводно, роден е во 1933 година (според локалниот регистар на родените); германскиот весник Bild am Sonntag ги цитираше неговиот поранешен учител и соученици, кои го потврдуваат пораниот датум. Познато е тоа што тој тврди дека никој не го знае неговиот вистински датум на раѓање: на едно интервју на француска телевизија во февруари 2009 година, Лагерфелд рекол дека тој „не е роден ниту во 1933 ниту во 1938 година“. Неговата постара сестра, Марта Кристијан (позната и како Кристел), е родена во 1931 година. Лагерфелд има и постара полусестра, Теа, од првиот брак на татко му. Неговото првично име било Лагерфелт, но тој подоцна го сменил во Лагерфелд, бидејќи „тоа звучи покомерцијално“.


Татко му на Карл потекнува од Владивосток, Русија, а неговата мајка е од Берлин, Германија (според „близок на Лагерфелд“, Маркони Родолф, 2006 година). Иако Лагерфелд изјавил дека неговиот татко е Швеѓанец, новинарката Алиша Дрејк во списанието The Beautiful Fall објавила дека татко му на Карл, Ото Лагерфелдт, кој работел како дистрибутер во една фирма за производство на кондензирано млеко до Германија, е всушност Германец. Според Дрејк, мајка му на Лагерфелд, Елизабет Балман, била продавачка на долна женска облека во Берлин во периодот кога го запознала нејзиниот сопруг и се венчале во 1930 година.



Рана кариера (Балмаин и Пату) |


Карл Лагерфелд се преселил во Париз во 1953 година. На почетокот работел како технички уредник на модни куќи. Во тој период, во модата, цртежите биле повеќе ценети отколку фотографиите. Лагерфелд можел да го резимира секој моден стил во европската историја како да виси на закачалка, на пример, објаснувајќи ги модните стилови со јаки од 1710 година во Германија, како што покажал тој и во германските телевизиски серии во 1980-тите години.


Во 1955 година, на 22 годишна возраст, Лагерфелд добил награда да стажира кај Пјер Балмаин, на натпревар за капути спонзориран од страна на Меѓународниот секретаријат за волна, каде што го добил второто место, зад Ив Сен Лоран. По неколку години, тој изјавил: „Победив на натпревар за капути, но, всушност, најмалку сакам да креирам капути. Тоа што навистина сакам се кратки црни фустани“. Ив Сен Лоран, исто така, победил на натпреварот за капути. „Ив работеше за Диор. Другите луѓе што ги познавав работеа за Баленсиага (шпански моден креатор и основач на модната куќа Баленсиага), којшто го сметаа за Бог, но јас не бев многу импресиониран“, се потсетил тој во 1976 година.


Во 1958 година, по 3 години кај Балмаин, се преселил кај Жан Пату, каде што креирал две колекции од високата мода. Неговата прва колекција е прикажана на двочасовна презентација во јули 1958 година, но тој го користел името Роланд Карл, наместо Карл Лагерфелд (но во 1962 година, новинарите започнале да му се обраќаат Карл Лагерфелт и Карл Лагерфелд). Таа прва колекција била лошо прифатена. Кери Донован пишува дека „колекцијата беше исвиркана од печатот“. Меѓународниот обединет печат коментира: „Новиот креатор на брендот, 25 годишниот Роналд Карл, презентираше колекција што ја истакнува фигурата и немаше никаква врска со колекцијата од минатата година“. Новинарот додава дека „неколку кратки црни коктел фустани беа толку многу расцепени напред, што дури и некои жени новинари останаа вчудоневидени. Други, пак, коктел и вечерни фустани се карактеризираа со многу гол грб“. Најинтересно е тоа што Карл рекол дека силуетата на неговите креации за сезоната била наречена по буквата „К“ (за Карл), којашто била претставена со права линија напред, извиткана на половината и грбот, со здолниште со ниска половина.
Неговата следна колекција, за пролет 1959 година, е огромен напредок според Кери Донован, која искоментирала дека печатот „аплаудираше и дури и неколку пати извика „браво“. Таа пишува дека „ Неговата облека имаше дискретна модерност, елегантност и едноставна „класичност“ што не беше видена од оваа страна на Атлантикот откога Молинекс и Маинбохер ја затворија продавницата“.


Неговите здолништа за пролет 1960 година биле најкратките во Париз и затоа колекцијата не била добро прифатена. Кери Донован рекла дека „облеката личеше на кројачка облека, а не на скапоцена облека“. Во колекцијата за есен 1960 година тој креирал мали капи, со сатен во форма на палачинка, којшто висел на образот. Тој ги нарекол „шлаканици на лицето“. Се зборувало дека колекцијата на Карл е добро прифатена, но не била многу значајно достигнување. „Мене ми стана досадно таму и дадов отказ и пробав да се вратам на училиште, но, тоа не успеа, па две години најголемиот дел од времето го поминував на плажа – мислам дека го научив животот“.



Независна кариера |


Кога почнал да работи како независен креатор, работејќи со брендови како Марио Валентино, Репето и ланецот супермаркети Моноприкс и со финансиска поддршка од неговото семејство, тој отворил мала продавница во Париз. Во тој период, често се советувал со Мадам Зереакиан, Ерменка, којашто му била гатачка на Кристијан Диор. Подоцна Лагерфелд рекол: „Таа ми кажа дека ќе бидам успешен во мода и парфеми“.


Во 1963 година, тој започнал да креира за Тициани, римска модна куќа основана истата година од страна на Еван Ричардсод Џексборо, Тексас. На почетокот креирале скапоцена облека, а потоа и конфекциска облека, со етикета „Tiziani-Roma -- Made in England“. Лагерфелд и Ричардс ја изработиле првата колекција во 1963 година заедно. „Кога тие направија 90 парчиња облека, Тициани го отворил својот салон со журка којашто траела 3 ноќи“, според извештајот од 1969 година. Лагерфелд правел креации за компанијата до 1969 година. Елизабет Тејлор била обожавателка на линијата (таа му се обраќала на Еван со „Еван Тициани“) и започнала да ги носи нивните модели во август 1966 година. Џина Лолобриџида, Дорис Дјук и принцезата Боргезе, исто така, биле муштерии во периодот кога Лагерфелд ја креирал линијата. Тој бил заменет во 1969 година од страна на Гај Дувиер.
Во 1964 година, Лагерфелд започнал да работи хонорарно за француската модна куќа Хлое, така што на почетокот креирал по неколку парчиња облека за сезона. Креирал сѐ повеќе и повеќе облека и наскоро создал цела колекција. Во 1970 година, започнал соработка и со римската модна куќа Куриел (креаторката, Џиљола Куриел, умрела во ноември 1969 година). Неговата прва колекција била опишана дека имала „слатко украсена елеганција“ креирана за „кралицата на киното од 1930-тите години“. Сите манекенки на Куриел носеле идентични, кратки плави перики. Тие, исто така, носеле и црни свилени кратки панталони, под црна свилена наметка долга до глуждовите.


Неговата колекција за Хлое за пролет 1973 година (претставена во октомври 1972 година) ја имало во многу наслови, бидејќи прикажала нешто што е и „од високата мода и без уметничка вредност“. Тој претставил широки Спенсер сакоа и свилени кратки сакоа на раскопчување. Креирал нешто што го нарекол „изненадувачко здолниште“, коешто било долго до глуждовите, толку широко, што не се познавало дека тоа всушност биле панталони. „Изгледа дека да се носат овие здолништа е необично чувство“, изјавил тој пред еден новинар во тоа време. Создал и креации инспирирани од Кармен Миранда, коишто се состоеле од прслук и многу кратки здолништа, и долги здолништа, прслук и марами.


Во 1972 година, тој започнал да соработува со италијанската модна куќа Фенди, каде што креирал крзна, облека и додатоци.
Од 1970-тите години, Лагерфелд повремено работи како креатор на костуми за театарски продукции. Соработувал со сценски директори како Лука Ронкони и Јурген Флим и правел креации за театри како Ла Скала во Милано (Les Troyens од Хектор Берлиоз, 1980 година, во режија на Ронкони), Бургтеатар во Виена (Komödie der Verführung од Артур Шнитцлер, 1980 година, во режија на Хорст Цанкл) и Салзбуршкиот фестивал (Der Schwierige од Хуго фов Хофманштал, 1990 година, во режија на Флим).



Меѓународна слава (1982 година – до денес) |


Во тој период, имал потпишано и договор за креирање со јапонската фирма Исетан, за креирање колекции за мажи и жени со 30 лиценци, имал линија за долна облека во САД, произведена од Ив Стилман, креирал чевли за Балантин и работел со Тревира како моден советник.


Лагерфелд ги креирал костимите за сцените во Кармен во филмот „Калите засекогаш“ од 2002 година. Во 2004 година, тој креирал некои парчиња облека за меѓународната музичка артистка Мадона, за нејзината концертна турнеја „Re-Invention“, а неодамна креирал облека за концертната турнеја на Кајли Миног, „Showgirl“.Лагерфелд соработувал со меѓународниот шведски моден бренд H&M. На 12 ноември 2004 година, H&M понудиле ограничен број парчиња облека на Лагерфелд за мажи и жени во одредени продавници. Само по два дена, H&M изјавиле дека речиси целата облека е продадена. Лагерфелд покажал малку страв дека работењето со вакви брендови ќе го оцрни неговиот углед, иако тој во минатото тесно соработувал со ексклузивниот моден креатор Волфорд.


Лагерфелд, исто така, е и фотограф. Тој го создал Visionaire 23: „Новата облека на царот“, серија разголени фотографии од јужно – африканскиот модел Дејвид Милер. Тој лично ја фотографирал и Мараја Кери за насловната страница на списанието „V“, во 2005 година. Покрај неговата работа како уредник на списанијата Харперс базар, Нумеро и руското и германското издание на Вог, Лагерфелд секоја сезона ги фотографира рекламните кампањи за куќите што се под негово раководство (Шанел, Фенди и неговата истоимена линија).


Во 1980-тите години, приказната на Ханс Кристијан Андерсен „Новата облека на царот“ беше издадена со цртежи од Лагерфелд.
Во 2005 година, креаторот бил и тема на разговор во француските реални серии наречени Signé Chanel. Шоуто ја опфатило неговата модна колекција Шанел за пролет/лето 2004 – 2005 година. Тоа се емитувало на каналот Санденс во Соединетите Американски Држави во текот на есента 2006 година.


Тој ја поддржал и охрабрил работата на надежните креатори, вклучувајќи го и Филип Колберт од Родник.
На 18 декември 2006 година, Лагерфелд го најавил промовирањето на новата колекција за мажи и жени наречена К Карл Лагерфелд. Колекцијата ќе вклучувала маици и голем број фармерки.


Карл Лагерфелд потпишал ексклузивен договор со фирмата Dubai Infinity Holdings (DIH)Лагерфелд е домаќин на радио станицата „K109 - The Studio“ во видеоиграта Grand Theft Auto IV.Лагерфелд е овековечен во многу форми: брошови, кошули, кукли итн. Во 2009 година, Тра Тути започнале со продажба на мали Карл Лагермаус и Карл Лагерфелт глувчиња и кукли соодветно.


На 11 ноември 2010 година, Карл Лагерфелд и шведскиот изработувач на кристали Орефорс најавија соработка за креирање уметничка колекција со кристали. Првата колекција ќе биде промовирана во пролет 2011 година под името Орефорс од Карл Лагерфелд.



Дискусии |


Во раните 1990-ти години, тој ја предизвикал главната уредничка на американското издание на списанието Вог, Ана Винтор, да ја напушти неговата ревија, бидејќи вработил стриптизерки и возрасната филмска ѕвезда Моана Поци да ја промовира неговата црно – бела колекција за Фенди.


Произлегоа многу расправии од тоа што Лагерфелд употребил стихови од „Qur'an“ во неговата модна колекција за Шанел за пролет 1994 година, и покрај извинувањата од страна на креаторот и модната куќа. Расправијата избила по модната ревија во Париз во 1994 година, кога Индонезискиот муслимански научен совет повикал на бојкот на Шанел и се заканил дека ќе направи официјални протести со владата на татковината на господин Лагерфелд, Германија. Креаторот се извинил, објаснувајќи дека го земал дизајнот од книга за Таџ Махал, мислејќи дека зборовите се од љубовна поема.


Лагерфелд бил целта на фрлање пити од страна на Организацијата за етичко третирање на животните во 2001 година, на модна премиера во центарот Линколн во Њујорк. Ова било во знак на протест за неговото користење на крзно и кожа во колекциите. Меѓутоа, питите фрлени од страна на протестантите залутале и го погодиле Келвин Клајн (Луѓето од организацијата за етичко третирање на животните ги опишале како „залутани куршуми“).


Лагерфелд се впуштил во остра борба заедно со активистите за правата на животните, откако ја бранел употребата на крзно во модата. Германскиот шеф на модната куќа Шанел тврдел дека протестантите против крзното се „детинести“ и се расправал дека уловените животни би ги убиле луѓето што ги уловиле кога би можеле. Лагерфелд вели: „Во свет во кој се јаде месо, се носат чевли и облека од кожа, дискусијата за крзно е детинеста“. На север, ловџиите не живеат од ништо друго, туку од лов, убивајќи ги оние ѕверови, кои би не убиле нас кога би можеле“. Мајкл МекГроу, претставник на Организацијата на луѓето за етичко третирање на животните , одговорил за Њујорк Пост: „Изгледа дека Лагерфелд делумно е во заблуда со неговиот менталитет. Кога последен пат животот на некоја личност бил загрозен од визон или зајак?“ Карл користеше лажно крзно во неговата последна зимска колекција.


Неодамна, Лагерфелд бил погрешно идентификуван дека имал жестока расправија со супермоделот Хајди Клум. Во 2009 година, цитатот: „Хајди Клум не е модел за на писта. Таа едноставно е многу дебела и има многу големи гради. И секогаш се смее глупаво. Тоа не е авангардно – тоа е комерцијално!“ му бил погрешно припишан на Лагерфелд, но тоа, всушност, го зборувал Волфганг Џоп. Лагерфелд кажал дека ниту тој ниту Клаудија Шифер не ја познаваат Клум, бидејќи таа никогаш не работела во Париз.



Губење на тежина |


Кога Лагерфелд изгубил 42 килограми во период од 13 месеци, во 2001 година, неговото објаснување беше: „...Одеднаш посакав да се облекувам поинаку, да носам облека креирана од Хеди Слиман“, рече тој. „Но, оваа мода, презентирана од многу, многу слаби момчиња, а не мажи на моја возраст, ме натера да изгубам најмалку 40 килограми. За тоа ми беа потребни точно 13 месеци“. Диетата била создадена специјално за Лагерфелд од доктор Жан – Клод Ходрет, за која има и книга наречена „Диетата на Карл Лагерфелд“.





Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Карл_Лагерфелд&oldid=3821959“










Прегледник



























(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.140","walltime":"0.229","ppvisitednodes":"value":200,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":11172,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":394,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":5,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":0,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":1,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 190.841 1 -total"," 92.63% 176.769 1 Шаблон:Нормативна_контрола"," 3.74% 7.141 1 Шаблон:Пн"," 3.49% 6.657 1 Шаблон:Роден_на"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.078","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":1370300,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1270","timestamp":"20190409215529","ttl":2592000,"transientcontent":false););"@context":"https://schema.org","@type":"Article","name":"u041au0430u0440u043b u041bu0430u0433u0435u0440u0444u0435u043bu0434","url":"https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BB_%D0%9B%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D1%80%D1%84%D0%B5%D0%BB%D0%B4","sameAs":"http://www.wikidata.org/entity/Q76716","mainEntity":"http://www.wikidata.org/entity/Q76716","author":"@type":"Organization","name":"u0423u0447u0435u0441u043du0438u0446u0438 u043du0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0438u043du0438 u043fu0440u043eu0435u043au0442u0438","publisher":"@type":"Organization","name":"u0424u043eu043du0434u0430u0446u0438u0458u0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0458u0430","logo":"@type":"ImageObject","url":"https://www.wikimedia.org/static/images/wmf-hor-googpub.png","datePublished":"2011-05-31T00:08:11Z"(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgBackendResponseTime":157,"wgHostname":"mw1325"););

Popular posts from this blog

Distance measures on a map of a game The 2019 Stack Overflow Developer Survey Results Are Inmin distance in a graphShortest distance path on contour plotHow to plot a tilted map?Finding points outside of a diskDelaunay link distanceAnnulus from GeoDisks: drawing a ring on a mapNegative Correlation DistanceFind distance along a path (GPS coordinates)Finding position at given distance in a GeoPathMathematics behind distance estimation using camera

How to get a smooth, uniform ParametricPlot of a 2D Region?How to plot a complicated Region?How to exclude a region from ParametricPlotHow discretize a region placing vertices on a specific non-uniform gridHow to transform a Plot or a ParametricPlot into a RegionHow can I get a smooth plot of a bounded region?Smooth ParametricPlot3D with RegionFunction?Smooth border of a region ParametricPlotSmooth region boundarySmooth region plot from list of pointsGet minimum y of a certain x in a region

Genealogie vun de Merowenger Vum Merowech bis zum Chilperich I. | Navigatiounsmenü