Гент Содржина Историја | Географија | Туризам | Транспорт | Спорт | Меѓународни односи | Прегледникwww.gent.be„Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“„History of Gent“изворникот"Klimaatstatistieken van de Belgische gemeenten"FIFA Confederations Cup - Olympic Football Tournament Antwerp 1920 - FIFA.com„Ghent Zustersteden“„European networks and city partnerships“изворникот„Wiesbaden's international city relations“
Населени места во БелгијаОпштини во Источна ФландријаГент
холандскифранцускиФламанската ОбластБелгијаИсточна ФландријаАнтверпенШелдаЛаједоцниот среден векАфснеДестелдонкДронгенГентбрухеЛедебергМаријакеркеМендонкОстакерСинт АмандсбергСинт Денијс ВистремСинт Краус ВинкелВонделгемЗвијнардеМатијас де КлеркКаменотоЖелезното времекелтскиотсливримскиотград-државаПаризКелнМоскваКамбанаријатаволнасредниот векШкотскаШкотскаАнглијавојводите од БургундијаФилип ДобриотАнтверпенБриселХуана I КастилјскаКарло VСветото Римско ЦарствоШпанијаОсумдесетгодишната војнаиндустрискитеАнглијаГерманцитеВтората светска војнаЛетните олимписки игри1920 годинаOmloop Het Nieuwsbladзбратимен
(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());
Гент
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Гент Ghent Gand Gent | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Поглед на Гент од катедралата Сент Баво со Гентската камбанарија и црквата Свети Никола | |||
| |||
Земја | Белгија | ||
Заедница | Фламанска | ||
Област | Фламанска | ||
Покраина | Источна Фландрија | ||
Округ | Гент | ||
Управа | |||
• Градоначалник (список) | Матијас де Клерк | ||
Површина | |||
• Вкупна | 156,18 км2 (6,030 ми2) | ||
Население (2018-01-01)[1] | |||
• Вкупно | 260.341 | ||
• Густина | 17/км2 (43/ми2) | ||
Пошт. бр. | 9000–9052 | ||
Повик. бр. | 09 | ||
Мреж. место | www.gent.be |
Гент (холандски: Gent; француски: Gand) — град и општина во Фламанската Област на Белгија. Претставува главен и најголем град во покраината Источна Фландрија и е втора по големина општина во Белгија, по Антверпен. Градот бил основан како населба во сливот на реките Шелда и Лаје, и во доцниот среден век станал еден од најголемите и најбогатите градови во северна Европа, со околу 50.000 жители во 1300 година.
Гент е пристаниште и универзитетски град. Општината е сочинета од градот Гент, но и од околните градови: Афсне, Дестелдонк, Дронген, Гентбрухе, Ледеберг, Маријакерке, Мендонк, Остакер, Синт Амандсберг, Синт Денијс Вистрем, Синт Краус Винкел, Вонделгем и Звијнарде. Со 262.219 жители, во почетокот на 2019 година, Гент е вториот најголем белгиски град според бројот на населението. Површински, Гент, сосе околните области се простира на 1205 квадратни километри. Во моментов градоначалник на Гент е Матијас де Клерк.
Содржина
1 Историја
1.1 Среден век
1.2 Рано модерно време
1.3 19-ти век
1.4 20-ти век
2 Географија
2.1 Соседни општини
2.2 Клима
3 Туризам
3.1 Архитектура
4 Транспорт
4.1 Патен сообраќај
4.2 Железница
4.3 Јавен превоз
4.3.1 Автобуси
5 Спорт
6 Меѓународни односи
6.1 Збратимени градови
6.2 Наводи
Историја |
Археолошки докази прикажуваат човечко присуство во подрачјето на сливот на Шелда и Леи што датираат од Каменото и Железното време. [2]
Поголемиот број историчари веруваат дека старото име за Гент, „Ганда“, е потекнува од келтскиот збор ганда, што значи слив. Други извори го поврзуваат името на градот со непознато божество наречено Гонтија.
Нема пишани документи за римскиот период, но археолошките истражувања потврдуваат дека подрачјето на Гент бил населен во оваа доба.
Среден век |
Во рамките на округот Фландрија, градот се развивал и од 11 век, станал мал град-држава. До 13 век, Гент бил најголемиот град во Европа северно од Алпите, веднаш по Париз; тој бил поголем од Келн и Москва. Во градските ѕидини живееле 65.000 луѓе. Камбанаријата и кулите на катедралата Свети Баво и црквата Свети Никола се само неколку од објектите препознатливи за хоризонтот на градот.
Реките течеле во област каде што многу земјиште било периодично поплавувано. Ваквото земјиште било идеално за одгледувањето на овци, чија волна била употребувана за изработка на текстил. Во средниот век Гент бил водечки град за производство на текстил.
Индустријата за волна, основана во Бриж, придонела за создавање на првата европска индустриска зона во Гент во средниот век. Трговската зона била толку развиена, што дополнителна волна морало да се увезува од Шкотска и Англија. Ова било една од причините за добри односи на Фландрија со Шкотска и Англија.
Рано модерно време |
Градот закрепнал во 15 век, кога Фландрија била обединета со соседните провинции под водство на војводите од Бургундија. Високите даноци довеле до бунт, по што следела битката кај Гавере во 1453 година, во која Гент претрпел ужасен пораз од војската на Филип Добриот. Во ова време центарот на политичко и општествено значење во Ниските Земји почнал да се префрлува од Фландрија (Бриж-Гент) во Брабант (Антверпен - Брисел).
Во 1500 година, Хуана I Кастилјска го родила Карло V, кој станал цар на Светото Римско Царство и крал на Шпанија. Иако роден во Гент, тој го казнил градот и со побуната во Гент од 1539 година, ги обврзал градските благородници да шетаат боси пред царот со јамка околу вратот.
Кон крајот на 16-тиот и 17-тиот век градот доживува уништување поради Осумдесетгодишната војна. Со оваа војна завршува улогата на Гент како центар со меѓународно значење.
19-ти век |
Во 18 и 19 век, текстилната индустрија во Гент повторно зема замав. Ливен Боувенс, шверцувајќи ги индустриските и фабричките машински планови надвор од Англија, ја донел првата машина за механичко ткаење на европскиот континент во 1800 година.
20-ти век |
Гент бил окупиран од Германците во двете светски војни, но избегнал тешко уништување. Во Втората светска војна, градот бил ослободен од страна на британската 7-ма оружена дивизија „Пустински стаорци“ и од локалните белгиски борци, на 6 септември 1944 година.
Географија |
Со сплотувањето на општините во 1965 и 1977 година, градот бил составен од следниве подрачја:
- Гент
- Мариjакерке
- Дронген
- Вонделгем
- Синт-Амандсберг
- Остакер
- Дестелдонк
- Мендонк
- Синт-Крaус-Винкел
- Ледеберг
- Гентбрухе
- Афсне
- Синт-Денејс-Вестерм
- Звiјнарде
Соседни општини |
- Wachtebeke
- Lochristi
- Destelbergen
- Melle
- Merelbeke
- De Pinte
- Sint-Martens-Latem
- Deinze
- Nevele
- Lovendegem
- Evergem
- Zelzate
Клима |
Климата во оваа област има блага разлика меѓу високите и ниските нивоа, а во текот на целата година е врнежливо.
Climate data for Ghent (1981–2010 normals, sunshine 1984–2013) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Month | Jan | Feb | Mar | Apr | May | Jun | Jul | Aug | Sep | Oct | Nov | Dec | Year |
Average high °C (°F) | 6.2 (43.2) | 7.0 (44.6) | 10.8 (51.4) | 14.5 (58.1) | 18.1 (64.6) | 20.6 (69.1) | 23.0 (73.4) | 22.9 (73.2) | 19.7 (67.5) | 15.3 (59.5) | 10.1 (50.2) | 6.5 (43.7) | 14.7 (58.5) |
Daily mean °C (°F) | 3.4 (38.1) | 3.8 (38.8) | 6.8 (44.2) | 9.4 (48.9) | 13.2 (55.8) | 15.9 (60.6) | 18.1 (64.6) | 17.9 (64.2) | 14.9 (58.8) | 11.2 (52.2) | 7.0 (44.6) | 4.0 (39.2) | 10.6 (51.1) |
Average low °C (°F) | 0.7 (33.3) | 0.4 (32.7) | 2.7 (36.9) | 4.5 (40.1) | 8.3 (46.9) | 11.1 (52.0) | 13.2 (55.8) | 12.8 (55.0) | 10.2 (50.4) | 7.2 (45.0) | 3.9 (39.0) | 1.5 (34.7) | 6.4 (43.5) |
Average precipitation mm (inches) | 70.7 (2.78) | 56.2 (2.21) | 61.5 (2.42) | 50.6 (1.99) | 63.1 (2.48) | 74.3 (2.93) | 77.4 (3.05) | 84.2 (3.31) | 74.2 (2.92) | 81.7 (3.22) | 82.7 (3.26) | 82.2 (3.24) | 858.8 (33.81) |
Average precipitation days | 12.6 | 10.8 | 12.0 | 10.1 | 11.1 | 10.5 | 10.3 | 10.0 | 10.9 | 12.1 | 13.4 | 13.0 | 136.8 |
Mean monthly sunshine hours | 61 | 79 | 123 | 172 | 204 | 196 | 209 | 196 | 144 | 118 | 66 | 50 | 1,618 |
Source: Royal Meteorological Institute [3] |
Туризам |
Архитектура |
Транспорт |
Како еден од најголемите градови во Белгија, Гент има високо развиен транспортен систем.
Патен сообраќај |
Автомобилски, градот е достапен преку два автопата:
- Е40 го поврзува Гент со Бриж и Остенде на запад, а на исток со Брисел, Лувен и Лиеж.
- Е17 го поврзува Гент со Синт-Никлас и Антверпен на север, а со Кортријк и Лил на југ.
Исто така Гент има две обиколници:
- R4 ја поврзува периферијата на Гент со градот и околните села, а исто така води до патиштата E40 и E17.
- R40 ги поврзува различните центри на центарот меѓу себе и обезбедува пристап до главните авении.
Железница |
Општина Гент се состои од пет железнички станици :
- Гент-Сент-Питерс: меѓународна железничка станица со железнички врски со Бриж, Брисел, Антверпен, Кортријк, други белгиски градови и Лил. Станицата, исто така, нуди директна врска со аеродромот во Брисел - Завентем.
- Гент-Дампорт станица: меѓуградска железничка станица со врски со Синт-Никлас, Антверпен, Кортријк и Еокло.
- Гентбрухе: обласна железничка станица помеѓу двете главни железнички станици, Синт-Питерс и Дампорт.
- Вонделгем: обласна железничка станица со врски со Еколо еднаш на час.
- Дронген: обласна железничка станица во селото Дронген, која има директна врска до Бриж.
Јавен превоз |
Гент има широка мрежа на линии за јавен превоз, управувана од De Lijn.
- Линија 1: Фландрија Експо - Синт-Питерс-станица - Коренмаркт (центарот на градот) - Вонделгем - Евергем
- Линија 2: Zwijnaarde Bibliotheek - Sint-Pieters-Station - Zonnestraat (центарот на градот) - Брабантдам - Zuid - Melle Leeuw
- Линија 4: UZ - Sint-Pieters-Station - Muide - Korenmarkt (центарот на градот) - Zuid - Moscou
- Линија 21: Zwijnaarde Bibliotheek - Sint-Pieters-Station - Zonnestraat (центарот на градот) - Zuid - Melle Leeuw (сплотена во линија 2)
- Линија 22: Кутер - Биљокехоф - Синт-Питерс-станица - Зоннестрат (центарот на градот) - Зуид - Гентбрург (споен во линија 2)
Автобуси |
- Линија 3: Mariakerke - Korenmarkt (центарот на градот) - Dampoort - Gentbrugge (порано тролејбус линија, видете ја сликата подолу)
- Линија 5: Ван Беверенлајн - Синт-Џејкобс (центарот на градот) - Зуид - Хевелпоорт - Ниув-Гент
- Линија 6: Watersportbaan - Zuid - Dampoort - Meulestede - Wondelgem - Mariakerke
- Линија 8: АЗ Син-Лукас - Синт-Џејкобс (центарот на градот) - Зуид - Хејвелпорт - Артеделдепарк
- Линија 9: Mariakerke - Malem - Sint-Pieters-Station - Ledeberg - Gentbrugge
- Линија 17/18: Дронген - Малем - Коренмаркт (центарот на градот) - Демпорт - Остаккер
- Линија 38/39: Блаармерсен - Еккерм-Коренмаркт (центарот на градот) - Дампорт - Синт-Амандсберг
Спорт |
Во белгиската прва фудбалска дивизија Гент го претставува клубот КАА Гент, кој за првпат во својата историја, станал белгиски фудбалски шампион во 2015 година. Друг фудбалски клуб од Гент е ГРЦ Гент-Зеехвен, актуелен во четвртата белгиската дивизија. Фудбалските натпревари на Летните олимписки игри во 1920 година биле одржани во Гент. [4]
Шест дена Гент, шестдневната велосипедска трка, се одржува секоја година, на велодромот Кујпек во Гент. Во друмскиот велосипедизам, градот е домаќин на традиционалната трка Omloop Het Nieuwsblad.
Меѓународни односи |
Збратимени градови |
Гент е збратимен со:
|
|
Наводи |
↑ „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. конс. 9 март 2019. Check date values in:|accessdate=
(помош)
↑ „History of Gent“. www.gent.be. Архивирано од изворникот на 18 August 2005. конс. 5 May 2006.
↑ "Klimaatstatistieken van de Belgische gemeenten" (PDF) (in Dutch). Royal Meteorological Institute. Retrieved 29 May 2018..mw-parser-output cite.citationfont-style:inherit.mw-parser-output qquotes:"""""""'""'".mw-parser-output code.cs1-codecolor:inherit;background:inherit;border:inherit;padding:inherit.mw-parser-output .cs1-lock-free abackground:url("//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/65/Lock-green.svg/9px-Lock-green.svg.png")no-repeat;background-position:right .1em center.mw-parser-output .cs1-lock-limited a,.mw-parser-output .cs1-lock-registration abackground:url("//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d6/Lock-gray-alt-2.svg/9px-Lock-gray-alt-2.svg.png")no-repeat;background-position:right .1em center.mw-parser-output .cs1-lock-subscription abackground:url("//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/aa/Lock-red-alt-2.svg/9px-Lock-red-alt-2.svg.png")no-repeat;background-position:right .1em center.mw-parser-output .cs1-subscription,.mw-parser-output .cs1-registrationcolor:#555.mw-parser-output .cs1-subscription span,.mw-parser-output .cs1-registration spanborder-bottom:1px dotted;cursor:help.mw-parser-output .cs1-hidden-errordisplay:none;font-size:100%.mw-parser-output .cs1-visible-errorfont-size:100%.mw-parser-output .cs1-subscription,.mw-parser-output .cs1-registration,.mw-parser-output .cs1-formatfont-size:95%.mw-parser-output .cs1-kern-left,.mw-parser-output .cs1-kern-wl-leftpadding-left:0.2em.mw-parser-output .cs1-kern-right,.mw-parser-output .cs1-kern-wl-rightpadding-right:0.2em
↑ FIFA Confederations Cup - Olympic Football Tournament Antwerp 1920 - FIFA.com Грешка во шаблонот „Семарх“: Проверете ја вредноста|url=
. Празно.
↑ 5,05,15,25,35,45,55,6 „Ghent Zustersteden“. Stad Gent (Dutch). City of Ghent. конс. 20 July 2013.
↑ „European networks and city partnerships“. Nottingham City Council. Архивирано од изворникот на 25 June 2012. конс. 20 July 2013.
↑ „Wiesbaden's international city relations“. конс. 24 December 2012.
Категории:
- Населени места во Белгија
- Општини во Источна Фландрија
- Гент
(RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.520","walltime":"0.853","ppvisitednodes":"value":5291,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":38963,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":7240,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":27,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":2,"limit":500,"unstrip-depth":"value":1,"limit":20,"unstrip-size":"value":9885,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":1,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 720.663 1 -total"," 69.43% 500.381 1 Шаблон:Infobox_Belgium_Municipality"," 65.28% 470.440 1 Шаблон:Инфокутија_Населено_место"," 58.46% 421.299 1 Шаблон:Инфокутија"," 26.76% 192.873 2 Шаблон:Wikidata"," 10.41% 75.045 1 Шаблон:Наводи"," 9.52% 68.627 104 Шаблон:Str_left"," 9.41% 67.824 1 Шаблон:Infobox_settlement/areadisp"," 8.81% 63.465 2 Шаблон:Infobox_settlement/metric"," 8.31% 59.895 1 Шаблон:Панорама"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.134","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":4172744,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1274","timestamp":"20191030032040","ttl":2592000,"transientcontent":false););"@context":"https://schema.org","@type":"Article","name":"u0413u0435u043du0442","url":"https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B5%D0%BD%D1%82","sameAs":"http://www.wikidata.org/entity/Q1296","mainEntity":"http://www.wikidata.org/entity/Q1296","author":"@type":"Organization","name":"u0423u0447u0435u0441u043du0438u0446u0438 u043du0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0438u043du0438 u043fu0440u043eu0435u043au0442u0438","publisher":"@type":"Organization","name":"u0424u043eu043du0434u0430u0446u0438u0458u0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0458u0430","logo":"@type":"ImageObject","url":"https://www.wikimedia.org/static/images/wmf-hor-googpub.png","datePublished":"2019-01-20T19:57:17Z","image":"https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/ea/Ghent_from_above_b.JPG","headline":"u0433u0440u0430u0434 u0432u043e u0418u0441u0442u043eu0447u043du0430 u0424u043bu0430u043du0434u0440u0438u0458u0430, u0411u0435u043bu0433u0438u0458u0430"(RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgBackendResponseTime":224,"wgHostname":"mw1261"););